Два силни земјотреса близу Малта, тлото се тресе во регионот по разорниот потрес во Турција

 

 

Земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтерова скала изутрината ја погоди Малта, соопшти Универзитетот во Малта.

Земјотресот ги разбуди жителите во неколку градови, објави порталот „Тајмс оф Малта“. Нема информации дали има повредени во земјотресот.

Американскиот геолошки институт регистрираше дека земјотресот бил со јачина од 5,5 степени. Земјотресот е почувствуван и во Сицилија и Либија.

Неколку часа подоцна е регистриран уште еден потрес во близина на либискиот брег, со јачина од 4,7 степени.

Од почетокот на годината Малта е погодена од десетици земјотреси. Според научниците, повремените бранови зголемена сеизмичка активност се нормална појава.

22.04.2023 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега