Путин разговараше со Бин Салман: „Пријателски и конструктивен разговор, соработката продолжува“

 

 

Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговараше со саудискиот принц Мухамед бин Салман за договорот на групата „ОПЕК плус“ за ограничување на производството на нафта.

Кремљ соопшти дека Путин и Бин Салман изразиле задоволство од нивото на соработка меѓу двете земји, чија цел е стабилизирање на светскиот пазар на нафта.

„Разговорот беше пријателски, конструктивен и суштински и беше договорено да се развијат контакти во конкретни области на соработка“, се додава во соопштението на Кремљ.

„ОПЕК плус“ на почетокот на месецов најави дека ќе го намали производството на нафта за уште 1,16 милиони барели дневно.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), предводена од Саудиска Арабија, формираше сојуз „ОПЕК плус“ со Русија и другите големи производители на нафта во 2016 година.

21.04.2023 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега