Полудуваме: Над 200 Македонци дневно бараат лекарска помош за растројства и шизофренија
Последните три месеци од евиденцијата на “Мој термин” покажуваат дека растројствата се на врвот од болестите за кои пациентите побарале лекарска помош. Според податоците до кои дојде zdravstvo24.mk, биле издадени повеќе од 20 000 упати за овие заболувања. За депресија 5287 и 5221 за шизофренија. За мешано анксиозно и депресивно растројство повеќе од 6 000 упати. На врвот, пак, на табелата се хипертензиите со 55 525 упати. 22 454 биле пропишани за хиперплазија на простата. За тип 2 дијабетес за три месеци биле пропишани 18 709 упати. Со нарушување на видот мака имале 13 504 пациенти а 12 282 упати биле за ангина пекторис. На спондилоза се пожалие 12 045 пациенти кои добиле упат за специјалист. Со акутен бронхитис упат добиле 7882 пациенти, анализира Здравство24.
Што се однесува до бројот на пациенти по општини, најмногу болни имало од општина Центар 39 394. На второ место со 29 114 пациенти за три месеци е Тетово каде само 1744 се за примарна хипертензија. Трет на листата е Куманово со 27 587 издадени упати од кои 918 се за хиперплазија на простата. Во Битола 26 809 пациенти побарале лекарска помош изминатите 100 дена. Од нив 620 се за ангина пекторис а 609 за дијабетес тип 1. Росоман со 63 и карбинци со 17 упати за три месеци се последни на табелата од општините. Со “Мој термин”, надлежните имаат целосен увид за кое заболувања колкав број на упати се реализирани и дали кај одредени болести има пораст или стагнација. Постои точна евиденција во која општина колку е реализирано, колку пациенти ги искористиле упатите и на која возраст се.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа