ФОТО: На оваа вртелешка Заев ќе ги врти струмичани

 

На градскиот плоштад „Гоце Делчев“ во Општина Струмица, чиј градоначалник е претседателот на СДСМ Зоран Заев, вчера беше поставена вртелешка како дел од забавата за најмладите.

Поставувањето на вртелешката на градскиот плоштад во Струмица ќе беше нормално и очекувано, само ако при поставувањето на слична таква вртелешка во Скопје, жестоко не реагираше и се противеше опозицијата. Против поставувањето на вртелешката во Центарот на Скопје, беа голем број на високи партиски функционери на СДСМ, градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски, како и невладината „Плоштад Слобода“, која важи за организација која е блиска до ставовите на СДСМ.

Заменик-претседателот на СДСМ, Радмила Шеќеринска и градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски, на заедничка прес конференција пред новата вртелешка, остро го критикуваа поставувањето на истата. Тие тогаш изјавија:

Овој рингишпил зад нас не е синоним на модерна, урбана општина, туку синоним на панаѓур“ -  рече Жерновски.  

Радмила Шеќеринска говорејќи пред новиот рингишпил во Скопје рече дека зад нив стојат пари на граѓаните, кои се фрлени во ветер.

Власта не сака да го прифати поразот во централната општина, која многу им значи поради овој погубен проект“ – изјави Шеќеринска.

Кон сите овие критики и противења на опозицијата, тогаш се приклучи и доскорашниот претседател на СДММ Дарко Давитковски, кој во својата колумна за еден интернет портал напиша:

Владата бесмислено и неразумно се расфрла со скапи играчки, а има деца кои се оставени на немилост на државата.

Не може, а да не ја споменеме и добропознатата невладина организација „Плоштад Слобода“ која на македонската јавност и е позната по тоа што на многупати досега се јавува како организатор на протести против проектот „Скопје 2014“.  Тогаш, „Плоштад Слобода“ во јавноста излезе со официјално барање до градоначалникот на Центар Жерновски, да ја отстрани вртелешката и да го стопира целиот проект.

 

Оттука, нејасно е зошто сите критичари од опозицијата, таканаречените експерти и архитекти, како и невладините организации, кога се поставуваше вртелешката во Скопје жестоко напаѓаа и критикуваа, а за вчерашното поставување на вртелешката на плоштадот во Струмица, сите молчат? 

10.12.2013 - 13:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега