Се истражува врската на кралското семејство со ропството
Бакингемската палата објави дека соработува со независна студија која ја истражува врската помеѓу британската монархија и трговијата со робови во 17 и 18 век.
Палатата објави дека кралот Чарлс ја сфаќа работата „многу сериозно“.
Истражувањето го спроведува Универзитетот во Манчестер со независната организација „Хисторик Ројал Паласес“, која управува со некои од напуштените кралски палати во Велика Британија.
Бакингемската палата ќе им овозможи на истражувачите неограничен пристап до кралските архиви и кралската колекција.
Студијата се очекува да биде завршена во 2026 година.
„Поради сложеноста на проблемот, важно е тие да се истражат што е можно потемелно“, велат од палатата.
Соопштението на палатата дојде откако весникот „Гардијан“ објави досега необјавен документ кој покажува дека Едвард Коулсон, заменик-менаџер на Кралската африканска компанија, која се занимавала со трговија со робови, го префрлил својот удел во компанијата на кралот Вилијам Трети.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа