Струмица од наредната година воведува зонско паркирање

 

Струмица од наредната година воведува зонско паркирање. 

-Од почетокот на 2014 година, улиците и булеварите во централното градско подрачје ќе бидат опфатени со зонско паркирање чија цел е да се избегне сообраќајниот хаос во најфреквентните улици кој најчесто настанува поради непрописно паркираните возила – вели директорот на јавното претпријатие „Паркиралишта“ Струмица Љупчо Јанев, пренесе Фаланга.

Инаку, во моментов во градот функционира само еден платен паркинг, подземната гаража под плоштадот.

10.12.2013 - 12:49
Фото: 
Лидер.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега