ФОТО: Полицаец и дилер станаа глобален хит поради фотографија направена при апсењето

 

 

Криминалците секогаш гледаат да ја избегнат раката на правдата, а често се случува нивното бегство и криење да станат вирален хит на социјалните мрежи, благодарение на нивната бизарност или генијалност. Токму затоа еден човек од Британија стана вистински светски хит и тоа поради начинот на кој се обиде да се сокрие од полицијата.

Етмонд Лика (32), по потекло од Албанија, е уапсен во пошироката област на Ливерпул, во областа Киркдејл, откако се обидел да побегне од полициска патрола. Но, пред апсењето, тој за влакно избегнал апсење качувајќи се на покривот од куќата каде што се барал. Во таа прилика се сокри над светларникот, лежејќи на покривот.

Во еден момент до прозорецот дошол полицаец и ја свртел главата лево-десно, обидувајќи се да види дали Лика е можеби таму. Она што не го знаеше е фактот дека тој беше буквално над него, со грб до покривот.

Токму во тој момент, додека Лика лежеше на покривот, а полицаецот гледаше, се создаде речиси нереална слика, која стана глобален хит набргу откако полицијата ја објави.

Лика на крајот беше уапсен и осуден на две години и четири месеци под обвинение дека се занимавал со одгледување, производство и продажба на марихуана. На суд призна се што беше обвинет.

30.03.2023 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега