Меџити: Бевме на мостот кога се кршеше споменикот на Цар Душан

 

Изет Меџити, потпретседател на ДУИ и чаирски градоначалник, за Дневник изјави дека не дементира дека бил присутен ноќта кога имало обид за уривање на споменикот на цар Душан. Триесетина насилници го оштетиле постаментот на споменикот, како и жезолот и крстот што цар Душан ги држеше в раце.

Сепак, Меџити не потврдува дали во саботата биле присутни и пратеничката Ермира Мехмети, министерот за економија Ваљон Сараќини, шефот на кабинетот на Али Ахмети, Артан Груби, како и зошто претседателот на чаирскиот разгранок Беќир Асани, лично учествувал во уривањето на споменикот.

Меџити додава дека не се кријат, но прво треба да се најдат оние кои го нарачале и поставиле споменикот.

ВИДЕО. АЛсат

10.12.2013 - 11:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега