Рис Витерспун и Џим Тот имале нула романтика на крајот од бракот
Рис Витерспун и Џим Тот се разведуваат затоа што нивниот брак станал платонски, дознава „Њујорк пост“.
Холивудската ѕвезда (47) и нејзиниот сопруг (52) наводно веќе немаат никакви романтични чувства еден за друг.
Извор за рубриката „Пејџ сикс“ на весникот „Њујорк пост“ вели: „Нема голем скандал или драма, само двајца луѓе што во суштина стануваат кородители.
„Таа стана многу помоќна отколку што беше кога се венчаа и ги прошири своите области на интерес на толку многу начини“, додаде инсајдерот.
Оскаровката, која има 10-годишна ќерка со Џим, како и 23-годишна ќерка и 19-годишен син со поранешниот сопруг Рајан Филип, изминатиов викенд обелодени дека бракот со Џим е готов.
Рис и Џим објавија дека се разведуваат по 12 години брак. Двајцата се огласија на „Инстаграм“ изминатиов викенд за да ја споделат веста.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа