Во четврток ќе се знае кој е Кумот за Бадник 2014
Направени се сите подготовки за традиционална прослава на Бадник во Скопје.
Во четврток, на 12 декември ќе бидат претставени Кумот и Здравичарот за Бадник 2014. Традиционално на 22 декември на падините на Водно ќе се собираат бадникови гранчиња, а на 6 јануари ќе се одржи централната прослава на платото пред Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје.
Кумот за Бадник 2014 година со пајтон ќе замине со преодниот Ќуп, откако ќе прими благослов од поглаварот на МПЦ г.г. Стефан.
10.12.2013 - 10:56
Фото:
кис.мк
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа