Чаир и Сараj се збратимија со општина Л-Исла од Малта

 

Општините Чаир и Сарај денеска потпишаа Договор за збратимување со општината Л-Исла од Малта.

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу и градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, оценија дека е чест што го потпишуваат договорот за збратимување со г. Клајв Пулис, градоначалникот на општината Л-Исла од Малта, општина со европски вредности и традиција, вредности кои според двајцата градоначалници значително ќе ни послужат во нашето патување кон Европската Унија.

„Овој процес на соработка со Општина Л-Исла на Малта заедно со Блерим и Клајв го започнавме пред неколку месеци и со нашите тимови континуирано работевме да ја крунисаме оваа соработка денес со збратимување на нашите институции. За нас е чест што се збратимивме со оваа општина која носи европски вредности и традиции и сигурен сум дека овие вредности ќе ни послужат како пример во нашето патување кон Европската Унија. Од друга страна, уште поубаво е што заедно со општина Сарај истовремено го спроведуваме чинот на потпишување на збратимувањето и со ова демонстрираме неспоредлива соработка која отсекогаш сме ја имале и ја имаме со Сарај, жителите на Сарај и со градоначалникот на Сарај“, рече Ганиу.

Во меѓувреме, Беџети посочи дека овој Договор е во насока на подобрување на односите меѓу жителите на нашите општини и креирање и спроведување на програми кои ќе овозможат учество во заеднички проекти и инвестиции.

Според двајцата градоначалници Беџети и Ганиу, овој договор вклучува и заеднички проекти и програми меѓу општина Чаир и општина Исла, како и меѓу општина Сарај и општина Исла, така што тие ќе бидат од заеднички интерес од областа на локалниот развој, енергетската ефикасност, квалитетот на локалните услуги, младите, спортот и образованието.

Градоначалникот на општината Л-Исла, една од најпопуларните туристички дестинации во Малта, Кливе Пулис рече дека со овој договор не ги приближуваме само нашите општини една до друга туку и самите жители и ја подобруваме нивната благосостојба.

24.03.2023 - 17:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега