Бајден и првата дама на САД ги поздравија муслиманите со почетокот на Рамадан

 

Претседателот на САД Џо Бајден и првата дама Џил Бајден, ги поздравија муслиманите низ целиот свет за почетокот на Рамазан, „светиот месец на постење, преродба, добротворство, богослужение и развој“.

-САД ја потврдуваат подршката на муслиманските заедници кои се судираат со тешкотии и уништивање. Продолжуваме да стоиме со луѓето во Турција и Сирија, кои изгубија многу блиски за време на неодамнешните катастрофални земјотреси, и со луѓето од Пакистан, кои се враќаат во живот по поплавите летоска, се вели во соопштението од Белата куќа.

Во изјавата исто така се подвлекува дека САД и нивните партнери се солидаризираат со муслиманите кои се судираат со постојани репресии, како ујгурите во Кина и рохинџа во Мјанмар.

-Во овој свет месец ние исто така оддаваме почит на муслиманската заедница во нашата земја, која е дел од американската историја од моменот на нејзините почетоци, дадаваат Бајденови.

-Од наука и технологија до уметност и образование, право и медицина, бизнис и државно раководство, американските муслимани, поколение по поколение, ја зацврстуваат разноликата таписерија на нашата земја.

23.03.2023 - 23:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа