“НЕ за уште една жртва!" - Кампања против родовото и семејното насилство

Женската граѓанска иницијатива „Антико“ и дел од нејзините млади активисти – средношколци денеска ќе се вклучат во меѓународната кампања “16 дена активизам против насилството над жените”. Под мотото “НЕ за уште една жртва! СТОП за родовото и семејното насилство!” ќе бидат доделени 20.000 примероци едукативни, промотивни и информативни материјали во Стара Скопска Чаршија, Плоштад Македонија, Веро Џамбо Центар, Сити Мол), како и во другите градови низ Македонија.

- Целта на оваа активност е елиминирање на родовото и семејното насилство, сензибилизирање на пошироката јавност, подигнување на свеста за деструктивноста на овој проблем и препознавањето на корените на насилството, велат организаторите.

Акцијата се одвива во рамки на проектот “Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата” финансиран од страна на ЕУ.

10.12.2013 - 09:37
Фото: 
Радиомоф

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега