Оставките на Гешоски и Витановски денеска пред пратениците

 

Пратениците и денеска ќе бидат со полни раце работа. Собранието на Република Македонија денеска ја продолжува 52. седница на која треба да расправа за оставките на Благоја Гешоски и Јанаќе Витановски како членови на Комисијата за верификација на фактите.

По оваа седница ќе продолжи и 74. седница на чиј дневен ред се измените на Законот за судовите  во второ читање и Предлогот на закон за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2014 година, по скратена постапка.

Во рамки на оваа седница пратениците ќе ги разгледаат и измените на Законот за вештачење и на Законот за парнична постапка, двата во прво читање, а ќе дебатираат и за Предлог законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост, поднесен од пратеници од опозицијата.

10.12.2013 - 09:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега