Комисија на ОН: Нема докази дека Русија извршила геноцид во Украина

 

 

Специјалната истражна комисија на Обединетите нации денеска соопшти дека не нашла докази дека Русија извршила геноцид во Украина, но дека се регистрирани бројни прекршувања на човековите права.

Шефот на Комисијата, Ерик Мозе, им изјави на новинарите дека неговиот тим ги следи доказите и дека има „некои аспекти кои би можеле да покренат прашања за можен геноцид“, според Ројтерс.

Во извештајот се наведува дека Русија извршила бројни злосторства во Украина како што се убиства на цивили, тортура и депортација на деца.

16.03.2023 - 17:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа