Бајден смирува: Банкарскиот систем е безбеден

 

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека даночните обврзници нема да ги сносат загубите поради колапсот на две банки и додаде дека ќе побара од Конгресот зајакнување на банкарската регулатива, а виновниците ќе одговараат.

„Американците можат да веруваат дека банкарскиот систем е безбеден. Вашите средства ќе бидат таму кога ќе ви бидат потребни“, рече Бајден во Белата куќа, по падот на банката во Силиконската долина и банката „Сигначр“ што ги зголеми стравувањата од целосна банкарска криза, според Блумберг.

Американскиот претседател изјави дека сите клиенти кои имале средства во двете банки можат „да бидат сигурни дека ќе бидат заштитени и дека од денес ќе имаат пристап до нивните пари“.

Тој рече дека инвеститорите нема да бидат заштитени.

„Тие свесно ризикуваа, а кога ризикот не се исплати, инвеститорите губат пари. Така функционира капитализмот“, рече Бајден.

Републиканците оценија дека Бајден ја поттикнува инфлацијата со овие потези, додека некои од левицата, наводно, го доведуваат во прашање темпото на зголемување на каматните стапки од страна на Федералните резерви.

Финансиската криза би претставувала голем предизвик за Бајден пред почетокот на неговата изборна кампања во 2024 година, оценуваат тамошните медиуми.

13.03.2023 - 17:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега