(ВИДЕО) Јулија Навални на Оскарите: Мојот сопруг е во затвор затоа што ја кажа вистината, сонувам за денот кога и тој и Русија ќе бидат ослободени

 

 

Докуметнарецот „Навални“, за противникот на Кремљ, Алексеј Навални, доби Оскар за најдобар документарен филм на 95-тото доделување на Оскарите.

Наградата во театарот Долби во Лос Анџелес ја прими неговата сопруга Јулија Навални, бидејќи нејзиниот сопруг е во затвор.

„Мојот сопруг е во затвор затоа што ја кажува вистината. Мојот сопруг е во затвор бидејќи ја брани демократијата“, изјави Јулија Навални.

Таа го поздрави својот сопруг велејќи дека сонува за денот кога тој ќе биде ослободен и кога „Русија ќе биде ослободена“.

Навални беше уапсен во јануари 2021 година, откако се врати од Германија, каде што помина пет месеци закрепнувајќи се од труење.

Тој беше осуден на две и пол години затвор за наводно прекршување на условното ослободување додека бил надвор од Русија.

Во март 2022 година, Навални беше осуден на девет години затвор за измама и непочитување на судот, што тој го опишува како политички мотивиран обид на руските власти да го задржат зад решетки што е можно подолго,пренесе Нова.рс.

 

 

13.03.2023 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега