Францускиот Сенат ја усвои пензиската реформа на Макрон

 

 

Францускиот Сенат синоќа го усвои планот за пензиски реформи на претседателот Емануел Макрон со 195 гласа „за“ и 112 „против“.

Клучна одредба на овој нацрт-закон е за две години да се зголеми старосната граница за пензионирање на 64 години. Горниот дом на францускиот парламент гласаше за текстот по седмиот ден од националните протести против планот.

Мнозинството граѓани се против предложената реформа, покажуваат истражувањата на јавното мислење.

Откако Сенатот ќе го усвои предлог-законот, што најверојатно ќе се случи во среда, на 15 март, ќе биде разгледан од мешовитата комисија на пратениците на долниот и горниот дом на парламентот.

Доколку комисијата се согласи за текстот, конечното гласање во двата дома најверојатно ќе се одржи во четврток, но исходот од гласањето останува неизвесен во долниот дом, Националното собрание, каде на партијата на Макрон ѝ се потребни гласовите на сојузниците за мнозинство.

Ако власта процени дека нема да има доволно гласови во Долниот дом, сепак е можно да се „протурка“ текстот без собраниско гласање, според процедурата 49:3. За в среда се планирани дополнителни штрајкови и протести ширум земјата.

12.03.2023 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега