Ковачевски: Успеавме да направиме енергетска транзиција и рекордно да го зголемиме производството на струја
Во време на глобална енергетска криза, преку одговорен пристап и работа на Владата предводена од СДСМ усепавме да направиме енергетска трансформација, да го зголемиме рекордно производството, да ја зајакнеме енергетската независност, со што успеавме да нема рестрикции и дури да се намали цената на струјата, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски во интервју за Трилинг на 24 Телевизија.
-Само од минатата година до 28 февруари оваа година во нашата држава се ставени во употреба нови капацитети кои произведуваат електрична енергија од 182 мегавати, енергија со која може да се задоволат потребите на седум градови со над 67.000 жители, истакна Ковачевски.
Претседателот Ковачевски додаде дека овие политики допринесоа да нема рестрикции на струја, да има доволно енергија, гас и дури и да се намалат цените.
-Производството на електричната енергија оваа година е зголемено за 50 проценти во однос на истите месеци од минатите години. Исто така и минатата година производството беше зголемено за 40 проценти во однос на предминатата година. Сите капацитети кои што ги поседуваме за производство на електрична енергија се во функција. Значи беа направени сите ремонти во РЕК Битола, Осломеј, ТЕЦ Неготино, како резерва беше пуштено во функција и со тоа обезбедивме еле енергија кога сите предвидувања беа дека ќе биде, односно предвидувањата на скептиците и критичарите дека ќе биде зима кога ние ќе бидеме со рестрикции, ние немавме рестрикции, немавме покачување на цената на ел енергија, а од 1 јануари имаме намалување за 20 проценти на цената на ел енергија за 72.000 компании на регулираниот пазар и иста цена за ел енергија за 90 проценти од домаќинствата кои што рационално ја користат ел енергија, рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски во Трилинг на 24 Телевизија.
10.03.2023 - 21:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа