Белорусија воведе смртна казна за велепредавство, егзекуциите се извршуваат со еден истрел во задниот дел од главата
Белорускиот претседател Александар Лукашенко потпиша закон што овозможува примена на смртна казна врз службеници и припадници на вооружените сили осудени за велепредавство, соопшти кабинетот на шефот на државата.
Белорусија, која е земја близок сојузник на Русија, е единствената во Европа што сè уште ја применува смртната казна. Досега смртната казна се применуваше за злосторства како убиство или терористички акти. Егзекуциите се извршуваат со еден истрел во задниот дел од главата.
Споменатата промена е дел од измените на кривичниот законик, чија најавена цел е зајакнување на борбата на Белорусија против „злосторствата од екстремистичка или антидржавна ориентација“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа