Новооткриен астероид би можел да се судри со Земјата во 2046 година
Денот на вљубените во 2046 година би можел да биде посебно интересен, ако се има во предвид Ризичната листа која ја менаџира Центарот за координација на објекти блиску до Земјата на Европската вселенска агенција (NEOCC). Новооткриениот астероид 2023DW има мали шанси (1-на-625 шанси) да се судри со Земјата, но тие постојат и не смеат да се занемарат, велат астрономите.
Иако шансата 1 на 625 не изгледа веројатна да се случи директен импакт, астрономите сметаат дека е релативно висок ризик од удар. Астрономите веруваат дека астероидот е со големина на олимписки базен, долг приближно 50 метри (164 стапки). Ако астероид со таква големина се судри со Земјата, би предизвикал одредена штета.
Сепак, апсолутно точната форма и големина на астероидот е непозната, а со оглед на тоа што евентуалниот датум на удар е толку далеку, веројатно е дека подобри пресметки на неговата орбита би можеле да предвидат дека астероидот би поминал блиску до Земјата наместо да удри во неа. Сепак, добро е да се знае дека астрономите ги набљудуваат овие работи, особено со астероидите кои убиваат планети, способни да се судрат со Земјата и да ја уништат.
Можноста неговата орбита да биде подобро пресметана е многу голема велат од НАСА. Во текот на првите неколку недели откако научниците ќе откријат нов објект, се вршат пресметки и набљудувања за да помогнат во добивање битни информации за објектот. Во овој случај, научниците работат на тоа да утврдат колку е голем астероидот, дали неговата орбита ќе предизвика тој да се судри со Земјата или дали безбедно ќе помине покрај нас.
Често може да потрае неколку недели за да се соберат целосните податоци. И, дури и тогаш, веројатно е дека дополнителните набљудувања ќе дадат повеќе податоци. Во случајот со 2023DW, астероидот не е доволно голем за да се судри со Земјата и да предизвика катастрофални штети. Ако беше така, НАСА или други агенции би можеле да користат системи како што е вселенското летало DART за малку да ја сменат орбитата на астероидот, спречувајќи го да се судри со Земјата.
We've been tracking a new asteroid named 2023 DW that has a very small chance of impacting Earth in 2046. Often when new objects are first discovered, it takes several weeks of data to reduce the uncertainties and adequately predict their orbits years into the future. (1/2) pic.twitter.com/SaLC0AUSdP
— NASA Asteroid Watch (@AsteroidWatch) March 7, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа