Принцот Хари во центарот на судење за хакирање телефон

 

Принцот Хари ќе биде во центарот на судењето против издавач на весник поради обвинувања за хакирање телефон.

Војводата од Сасекс е една од многуте личности од висок профил што поднесуваат барања за отштета против „Мирор груп њузпејперс“ (МГН) поради наводно незаконско собирање информации.

Судењето треба да почне на 9 мај, неделата по крунисувањето на кралот Чарлс Трети.

Тој е еден од неколкуте репрезентативни тужители избрани како тест-случаи на рочиштето во Лондон.

Други познати личности вклучени во случајот се пејачката и поранешната ѕвезда на Girls Aloud, Шерил, имотот на починатиот пејач Џорџ Мајкл, поранешниот фудбалер и ТВ-водител Јан Рајт и актерот Рики Томлинсон.

Судијата Џастис Фанкур во средата пресуди дека тврдењето на војводата треба да биде едно од оние што ќе се најдат пред суд. Тој нагласи дека ова е очигледна селекција бидејќи неговото тврдење опфаќа голем временски период и 24 приватни истражители.

Војводата тврди дека 148 написи објавени меѓу 1996 и 2010 година вклучувале информации што наводно биле добиени преку незаконски средства, вклучително и хакирање телефон.

Судијата рече дека бројот на написи што треба да се разгледаат на судењето треба да се намали на 33.

Издавачот на наслови, вклучувајќи ги „Дејли мирор“, „Сандеј мирор“ и „Сандеј пипл“, МГН, претходно реши голем број претставки против него во врска со незаконско собирање информации, како и „Њуз груп нузпејперс“ (NGN) – издавачот на сега веќе непостојниот „Њуз оф д’ворлд“ и „Сан“ – во посебна судска постапка, која е во тек.

09.03.2023 - 17:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега