ФОТО: Се судрија два авиони во близина на Рим

 

Два воени авиони од типот „SIAI-Marchetti S“ се судрија денеска во близина на Рим над Гвидонија Монтеселио, јавуваат италијанските медиуми.

Едниот авион се урнал на земја во воздухопловната база Гвидонија, а другиот на паркиран автомобил на улица.

Освен пилотите, во авионите немало други лица, јавуваат италијанските медиуми.

Авионите, се судриле во лет за време на мисија за обука и паднале во близина на воениот аеродром лоциран североисточно од Рим. Несреќата се случила околу 11 часот утринава. Двајцата пилоти загинаа.

 

07.03.2023 - 15:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега