САД сакаат да го одржат военото присуство во Ирак, шефот на Пентагон во ненајавена посета

 

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска ненајавено отпатува во Ирак, во посета со цел да покаже како Американците сè уште имаат намера да одржат воено присуство во таа земја, речиси 20 години откако го соборија Садам Хусеин.

„ Она што (Ирачаните) ќе го слушнат од него е решеноста да се задржи присуството на нашите сили, но не се работи само за војската. САД се заинтересирани за стратешко партнерство со владата на Ирак“, изјави официјален претставник на Пентагон за новинарите.

 

Остин беше последниот генерал кој командуваше со американските воени сили во Ирак, по инвазијата во 2003 година.

 

 

07.03.2023 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега