Грчки медиуми: „Европјаните притискаат да се укине ветото за влез на Скопје во НАТО"
Грчките весници се уште на големо пишуваат за нтервјуто на македонскиот премиер Никола Груевски за „Фајненшл Тајмс“ во кое тој побара од САД, Германија и Франција да извршат притисок врз Грција да ја почитува одлуката на Меѓународниот суд на правда и да престане да го болокира членството на Македонија во ЕУ и НАТО.
Како што пренесува МИА, грчкиот весник „То Парон“ во текст насловен „Европјаните притискаат да се укине ветото за влез на Скопје во НАТО“, пишува дека Македонија нема да добие покана за членство во ЕУ и покрај петтата позитивна препорака од Европската комисија, и се тврди дека „Скопје турка во правец на членство во НАТО под привремената референца ФИРОМ на самитот на Алијансата следната година во Велика Бритснија, а главен поддржувач во Алијансата му е Анкара“.
- Иако европјаните и Американците не сакаат да ја притискаат кревката Влада на Самарас, во последно време има последователни чекори и промени со кои се испраќа порака до Атина оти постои очекување прашањето да се реши што е можно побрзо, затоа што тоа е штетно за западните интереси во регионот и претставува ризик за нестабилност во Македонија. Грчката Влада пак, инсистира на црвените линии и праќа порака дека нема да го укине ветото без решение на прашањето за името, пишува „То Парон“.
Весникот пишува и дека воп грчкото МНР допрва ќе има директен притисок и зголемување на тензииите, при што дипломатски извори потврдиле дека притисокот значително ќе се зголемел по Нова година.
- Во овој контекст, се смета дека е од клучно значење да се повратат иницијативите на грчката страна, активно да се учествува во јавни дебати за прашањето и можеби да се предложат нови идеи (треба да се спомене дека грчката страна не понудила нови елементи од предлогот на Караманлис во 2007 година), кои ќе му предизвикаат вистински тешкотии на Скопје и ќе покажат сосема јасно која е бескомпромисната страна што попречува секаков напредок, коментира „То Парон“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа