Москва: Спречен атентат врз олигархот Константин Малофеjев

 

 

Руската ФСБ тврди дека е спречен атентат на олигархот Константин Малофејев.

„Спречен е атентат на јавна личност, претседателот на одборот на директори на групацијата компании „Царград“, Константин Малофејев, кој го организираа украинските специјални служби“, се вели во соопштението.

Според службата, Денис Капустин, руски државјанин кој живее во Украина и работи под контрола на украинската разузнавачка служба (СБУ), стои зад обидот за убиство на бизнисменот.

Станува збор за еден од организаторите на рускиот волонтерски корпус, чии борци учествуваат во воените дејствија на страната на украинските сили, пренесува РИА.

Сторителите, според написите, планирале да го разнесат автомобилот на Малофејев со експлозивна направа поставена под возилото, слична на шемата користена во убиството на руската новинарка Дарја Дугина.

06.03.2023 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега