(ВИДЕО) Пекол во Бахмут: Поголемиот дел од градот е опкружен од армијата на Вагнер, во тек се улични борби

 

 

Во моментов на улиците на Бахмут се водат улични борби меѓу руските и украинските сили, но се чини дека по силното гранатирање, руските сили и платениците на Вагнер го опколија поголемиот дел од Бахмут, јавува Би-Би-Си.

Шефот на руската приватна армија Вагнер тврди дека овој град, кој е под брутален напад повеќе од седум месеци, е речиси целосно опколен, а само еден пат се уште е отворен за украинските војници. Заменик-градоначалникот Олександр Марченко вели дека Русија не го контролира градот.

Во градот во кој пред војната имало околу 75.000 жители, останале околу 4.000 цивили кои според Марченко сега живеат во засолништа без пристап до гас, струја или вода, пренесува N1.

 

 

04.03.2023 - 19:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега