ВИДЕО: Најмалку девет жртви во невремето во САД, силната бура и торнадото уништија се пред себе
Невреме пропратено со торнадо и силен дожд однесе најмалку девет човечки животи на југот на Соединетите Американски Држави, а повеќе од милион луѓе останаа без електрична енергија, соопштија властите.
Националната метеоролошка служба соопшти дека силниот бран на невремето го преминал јужниот дел на САД и продолжил да се движи кон североисток во петокот навечер, а во сабота се очекуваат снежни врнежи на широка област од југоисточен Мичиген до државата Њујорк.
Во централен Њујорк и јужна Нова Англија, снежните наноси се очекува да надминат 30 сантиметри .
Гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар, го потврди ударот на најмалку две торнада во западниот дел на државата, во кои загинаа најмалку три лица, а четвртата жртва е жена која загинала кога дрво паднало врз автомобилот во кој се наоѓала.
Ветерот достигна брзина од речиси 130 километри на час, со налети „доволно силни за да ги однесат тракторските приколки од патот“.
WATCH: Video shows a tornado near Winnsboro, Texas this evening.
: @BradArnoldWX/@LiveStormsMedia pic.twitter.com/JWWJiv1nIy
— The Weather Channel (@weatherchannel) March 3, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа