Гутереш: Да го уништиме нуклеарното, хемиското и биолошкото оружје пред тоа да не уништи нас
Да го уништиме нуклеарното, хемиското и биолошкото оружје пред да не уништаи нас, изјави генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш.
Упатувајќи порака по повод 5 март, Меѓународниот ден на свеста за разоружувањето, Гутереш истакна дека глобалните воени трошоци достигнале рекордно ниво.
Тој истакна дека оваа ситуација го зголемува ризикот од конфликт поради зголемената несигурност и глобалните конфликти на меѓународната сцена.
Нагласувајќи дека инвестирањето во мир, разоружување и неширење е инвестиција во нашата заедничка иднина, Гутереш порача: „Да го уништиме нуклеарното, хемиското и биолошкото оружје пред тоа да не уништи нас“.
Генералниот секретар на Светската организација истакна дека овие видови оружје и натаму претставуваат закана за човештвото.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа