Руската Вагнер тврди дека украинскиот град Бахмут е речиси целосно опколен
Шефот на руската платеничка група „Вагнер“ тврди дека градот Бахмут во источна Украина е речиси целосно опкружен. Единиците на приватната воена компанија „Вагнер“ практично го опколија Бахмут“, вели во видео изјава, Евгениј Пригожин, бизнисмен и ко-основач на платеничката група „Вагнер“ која е директно поврзна со Кремљ, пренесува украинскиот сервис на РСЕ.
Неговото тврдење не може да се потврди, но Ројтерс објави дека украинските сили сè уште не се подготвени да се повлечат од градот.
Украинската војска претходно соопшти дека се водат интензивни борби во Бахмут, а дека нивната одбрана одбила повеќе руски напади во спорниот град во источниот регион Доњецк.
Групата Вагнер е паравоена сила која, според западните влади, Кремљ ја користел и во други конфликтни зони.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа