Адвокат од САД прогласен за виновен за убиство на сопругата и синот

 

 

Поранешниот адвокат на Јужна Каролина Алекс Мардо (54) е прогласен за виновен за убиство на сопругата и синот и се соочува со најмалку 30 години затвор.

Поротата расправаше помалку од три часа пред да го осуди Мардо за убиството на неговата сопруга Меги (52) и најмладиот син Пол (22) во четвртокот вечерта на крајот од шестнеделното судење, објави Би-Би-Си.

Според извештаите, Мардок се соочува со 30 години до доживотен затвор без помилување за секое убиство.

Меги и Пол Мардо беа застрелани во близина на одгледувачницата за кучиња на имотот на семејството на 7 јуни 2021 година.

„Доказите за вина се огромни“, рече судијата на Окружниот суд во Јужна Каролина, Клифтон Њуман.

Мардо некогаш бил влијателен адвокат во Јужна Каролина, а со децении до 2006 година, членовите на неговото семејство биле водечки обвинители во областа.

За време на судењето, сепак, било откриено дека тој со години крадел од своите приправници и клиенти за да ја задоволи зависноста од лекови против болки и да си обезбеди екстравагантен начин на живот.

Мардо се изјасни за невин за убиствата, но за време на судењето призна дека лажел за своето алиби и финансиските злосторства, што му наштети на неговиот кредибилитет кај поротата.

Имено, тој го смени сведочењето откако поротата слушна аудио доказ дека бил на местото на злосторството неколку минути пред да се извршат убиствата.

Судот слушнал и за бизарниот обид на Мардо да ја лажира сопствената смрт за да добие осигурување само три месеци откако ги убил сопругата и синот.

03.03.2023 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега