Направете си домашна моцарела: Ви требаат само две состојки

 

Познатото италијанско сирење моцарела отсега можете да го правите дома, а потребни ви се само две состојки.

Важно е само дакористите полномасно млеко за да ги има потребните масти. Кога ги подготвувате омилените специјалитети со него, исто така ќе се растегнува и ќе има препознатлив вкус.

Потребни состојки:

2 литри непастеризирано млеко,

оцет.

Подготовка:

Загрејте го млекото, но не треба да биде премногу жешко. Додадете 4 лажички оцет, нежно мешајќи без престан. Овој процес се одвива бавно затоа бидете трпеливи и мешајте додека млекото не почне да се одвојува и да формира поголеми грутки.

Со раце земете го сирењето, исцедете го и направете топка, па ставете го и топла вода. За тоа можете да ја искористите и течноста која останала по правењето на сирењето, загрејте ја малку за да биде доволно топла.

Чувајте го во топла вода околу пет минути, а потоа исцедете го со рацете. Потоа вратете го, измешајте малку, исцедете го и повторете ја постапката два до три пати.

После тоа, ставете ја топката со сирење во ледена вода минута или две. Совет е да ставите коцки мраз во водата за да биде што поладна.

Извадете го, исцедете го и повторете го овој процес два до три пати. По ова, сирењето е подготвено за јадење.

28.02.2023 - 22:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега