Средба Груевски-Ромпуј: Ја претставивме вистинската слика за Македонија
Шефот на Владата, Никола Груевски, денеска во Брисел оствари средба со првиот човек на Советот на Европа, Херман ван Ромпуј. За време на средбата, се разговарало за напорите на македонската Влада за евроинтеграциите.
- Средбата со претседателот на Европскиот совет ја договоривме пред околу 10-15 дена и беше на наше барање. Ние сакавме да ги презентираме нашите аргументи во однос на нашиот напредок што го очекуваме во иднина. Зборувавме за реформите што ги правиме во земјата, за она што е постигнато, за проблемите со кои сме се соочувале во минатото и како истите ги решававме. Разговаравме и за оние проблеми што сега ги имаме. Се фокусирав во голем дел на многуте реформи што ги направивме, и во делот на економијата и во делот на судскиот систем и администрацијата, посебно најновиот закон што го имаме во овој дел, вели премиерот Груевски за МИА.
Ван Ромпуј покажал интерес за напорите и чекорите што ги прави Македонија во однос на евроинтеграциите, нагласувајќи дека за отворање на преговорите за членство е неопходна согласност од сите земји-членки на Унијата.
- Да побарам негова понатамошна обврска во однос на нашите очекувања за во иднина и со надеж дека ќе се најде начин што побрзо да се надмине единствената пречка што ја имаме за следниот чекор што го очекуваме, а тоа е почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ, додава Груевски според кој Ромпуј добил вистинска слика за она што се случува во Македонија.
Попладнево, претседателот на Владата ќе оствари посета на белгиската универзитетска болница во Лувен со цел со менаџментот на овој врвен универзитетски центар да ги разгледа можностите за поблиска соработка и едукација на македонски медицински персона, а потоа ќе има обраќање во вропската канцеларија на германската фондација “Конрад Аденауер” и да говори за реформските процеси во Македонија, со фокус на економските перформанси што се прават на тој план.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа