Навални од затвор: Русија падна на дно
Затворениот руски опозициски лидер, Алексеј Навални изјави дека руските сили извршиле воени злосторства во Украина.
Тој го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека ја уништил иднината на Русија поради сопствените амбиции.
Во објавата на социјалните мрежи пред првата годишнина од инвазијата на Украина на 24 февруари, Навални рече дека Русија „го допрела дното“ и дека ќе се опорави дури кога ќе ја собори „диктатурата на Путин“ и Москва ќе почне да му плаќа „репарации“ на Киев за штетата што е предизвикана.
Тој повика на меѓународна истрага за воените злосторства во Украина.
„Десетици илјади невини Украинци се убиени, а милиони други се погодени од болка и страдање. Извршени се воени злосторства“, објави Навални на својот профил на Твитер, кој го одржуваат неговите соработници, повикувајќи се на меѓународна истрага за војна.
Навални отслужува затворска казна од 11 ипол години во Русија под обвинение за измама, што тој го гледа како политичка одмазда за неговиот антивладин активизам.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа