Остатоци од тврда градба пронајдени во водите на Матка
Нуркачите од Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ и од нуркачкиот клуб „Акватек“ во длабочините на Матка фотографираа дел од ѕидините за кои се верува дека припаѓаат на стара македонска црква.
- Во пределот кој го маркиравме на нашата прва експедиција, на почетокот на 17-тиот век, патеписецот Евлија Челебија ги има регистрирано селата Козарево и Винце, каде живееле околу 150 семејства. Денес над истиот предел, на површината сé уште постојат остатоци од манастирот Св. Јован Златоуст и извор кој се смета дека има лековита вода. А во нашата експедиција успеавме да регистрираме и фотографираме дел од ѕидините, кои веруваме дека и припаѓаат на стара македонска црква. Сега на ред е да се огласат релевантните институции со детална анализа, изјави Киро Ангелески, претседател на „Врело“.
Инаку, се работи за градба лоцирана на околу 1.500 метри од браната на реката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа