ВИДЕО: Оштетени покриви и возила по силниот земјотрес во Романија
На социјалните мрежи се појавија првите снимки од новиот земјотрес кој ја погоди Романија, со интензитет од 5,7 степени според Рихтер.
На видео снимката на каналот EU Top News, се гледа вознемиреност на Романците кои се излезени на улица, а на јавните површини може да се види и дел од градежниот материјал паднат од покривните конструкции на зградите, кој оштети и паркирани возила.
Можат да се слушнат и полициски сирени.
Инаку земјотресот е регистриран во 13 часот и 16 минути на длабочина од 10 километри, на 73 километри североисточно од градот Дробета-Турну Северин.
Вчера Романија исто така беше погодена од земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа