Груевски го честита празникот: Должни сме да сме силни пред предизвиците со кои се соочуваме

 

Премиерот Никола Груевски, по повод големиот Христијански празник Св. Климент Охридски, испрати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски, Г.Г. Стефан, до членовите на Синодот и до сите православни верници од нашата земја.

 

- голема чест и радост, во мое лично име и во името на Владата на Република Македонија, Вам, на членовите на Синодот и на сите православни верници од нашата земја, Ви го честитам 8 Декември, големиот Христијански празник – Св. Климент Охридски и Ви пожелувам благословени и среќни празнични денови. Овој наш голем празник е посветен на светителот кој на македонско тло ја создаде кирилицата и кој со своето дело го обедини светото и световното, оставајќи зад себе силни универзални вредности чија благодат ја ползува не само македонскиот народ туку и целокупниот христијански свет и човештвото во целина. Продолжувајќи ја просветителската мисија на светите браќа Кирил и Методиј, Св. Климент Охридски на најдобар начин ги застапувал вредностите на православието преку учењето за солидарноста, христијанскиот дух и верата на луѓето. Неговите дела се епохални и безвременски. Тие за навек не задолжија нас, граѓаните на Република Македонија. Чествувајќи го овој голем празник, да покажеме поголемо заедништво и мудрост и да излеземе посилни пред предизвиците со кои се соочуваме, стои во честитката од премиерот Груевски..

 

 

 

08.12.2013 - 12:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега