Иванов го честита денешниот празник

 

 Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод празникот Св. Климент Охридски упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква, архиепископотохридски и македонски г.г. Стефан.

-Дозволете ми, на сите верници од православна вероисповед, Вам лично и на целото свештенство и монаштво, по повод големиот празник Свети Климент Охридски, да Ви упатам срдечни честитки и најискрени желби за благосостојба и за мирен духовен живот. Овој голем светител е закрилник и патрон на македонскиот народ низ целата негова историја. Свети Климент Охридски е основоположник на Охридската книжевна школа, а како творец на кирилското писмо ги постави темелите на христијанството и на македонската писменост. Денешниот празник нè потсетува дека треба да продолжиме да ги негуваме неговата благородна мисија и традицијата на промовирање на православието кое се темели на љубовта, мирот, меѓусебното почитување, толеранцијата и солидарноста, стои во честитката од Иванов.

Одбележувајќи го Денот на свети Климент Охридски, стои во честитката од македонскиот претседател, ги славиме писмото и пишаниот збор кои се од големо значење за македонскиот народ и за македонската држава, бидејќи со Климентовата просветителска мисија се продолжи делото на светите браќа Кирил и Методиј. 

                     

 

08.12.2013 - 11:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега