Во пижами бегале од страотниот пожар - нескротливи пламени јазици проголтаа 20 куќи во Скопје

Голем пожар проголта 20 тина куќи во скопска Циглана. Нема повредени, но причинета е голема материјална штета.

Пожарот кој избувнал ноќеска околу 2 часот, пеплоса 20 тина куќи и остави цели семејства без покрив над глава. И покрај обидите на пожарникарите да ги скротат пламените јазици, тие се ширеле и уништувале се пред себе.

 

Граѓаните кои останаа без своите домови за Канал 5 раскажале за страотната случката и за паниката која се создала кога среде ноќ биле разбудени со веста дека пожарот се наближува до нивните домови. Тие велат дека само ги грабнале своите деца и избегале, без да земат ниту едно парче облека. 

Како што пренесува Канал 5, граѓаните се прашувале каде ќе ја минат ноќта, апелирајќи до надлежните да им помогнат.

08.12.2013 - 10:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега