(ВИДЕО) Момче од Сирија се снимало со мобилен под урнатините: „Не знам дали ќе умрам“

 

Спасувачките тимови продолжуваат со потрагата по преживеани во урнатините по разорните земјотреси што ги погодија долж границата меѓу Турција и Сирија.

Бројот на загинати постојано се зголемува и сега се искачи на повеќе од 9.500. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи тримесечна вонредна состојба во 10-те региони најпогодени од земјотресите.

На социјалните мрежи се појави видео од сириско момче, кое по земјотресот заврши под урнатините.

„Го снимам ова видео, не знам дали ќе живеам или ќе умрам. Ако ова видео се сподели, тоа значи дека преживеав“, вели тој во видеото.

„Не можете да го знаете ова чувство ако не сте го доживеале. Ова може да го разберат само оние кои биле под урнатините“, вели тој на видеото, додавајќи дека во зградата во која живеел пред земјотресот имало уште три или четири семејства.

Сириските власти се уште не соопштуваат дали успеале да го спасат момчето или не, пренесе Индекс.хр.

08.02.2023 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега