(ВИДЕО) Среде линк во живо удри земјотресот од 7,7 степени по Рихтер - новинарот едвај остана на нозе

 

Новинар на агенцијата Демирорен Хабер Ајанси утрово известуваше од турскиот град Кахраманмарас за последиците разорниот земјотрес што погоди југот на Турција и соседна Сирија, а за време на неговото вклучување во живо во програмата, се случи и вториот силен земјотрес со јачина од 7,7, степени по Рихтеровата скала.

Меѓу луѓето, кои во негова позадина, почнаа со расчистување на урнатините од претходниот потрес, завладеа паника, дел од нив скокаа од купиштата бетон, а новинарот едвај успеа да остане на нозе.

06.02.2023 - 22:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега