Врачување на државната награда „Св.Климент Охридски“

 

Државната награда „Св.Климент Охридски“ за 2013  година денеска во македонското Собрание ќе им биде врачена на годинашните добитници.

Годинашни лауреати се педагогот и методичар проф. м-р Аџи Фида за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието и образованието, примабалерината доц. м-р Александра Мијалкова о областа на културата и уметноста и во областа на здравството проф. д-р Никола Јанкуловски, дигестивен хирург и примариус д-р Коте Тасевски, специјалист ендодонт.

Ова е одлуката на Одборот за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски“ согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди (Службен весник на Република Македонија“ бр.52/06,54/07 и 74/12)  и Правилникот за работа на Одборот на седница одржана на 18 ноември. 

08.12.2013 - 10:15
Фото: 
sobranie.mk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега