И Бајден праќа помош за Турција: Тимовите на терен итно да ги решат потребите на повредените
Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека неговата администрација тесно соработува со официјална Анкара, за да може Вашингтон најитно и најефикасно да одговори на последиците од разорниот земјотрес што утринава ги погоди Турција и Сирија.
Бајден изјави дека американските тимови брзо се распоредуваат за да започнат со поддршка на турските напори за пребарување и спасување.
„Тимовите на терен мора итно да ги решат потребите на повредените и раселените по земјотресот“, вели американскиот претседател во соопштение објавено од Белата куќа.
Во земјотресот загинаа повеќе од 2.300 луѓе, а илјадници се повредени во јужна Турција и северозападна Сирија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа