(ВИДЕО) САД: Загина познат тиктокер, по пад од карпа додека се обидувал да сними видео

 

Тикток-ѕвездата Едгар Гарај загина по падот од карпа додека се обидувал да сними видео.

-Нуркачите морале да го извадат телото од Индијана, САД и тоа од подводна пештера, соопштил неговиот брат.

Овој 27-годишен тиктокер последен пат бил биден жив во неделата во 17:30 часот на 29 јануари кај светилникот во Кабо Роху, во Порторико.

Нуркачката екипа за итни случаеви на Порторико помогнала во пронаоѓање на телото.

-Изразуваме најдлабоко сочувство на семејството и најмилите на Едгар и се молиме да пронајдат сила во овој најтешки моменти – рекол Хозе Е. Дијаз, командатот на крајбрежната стража на Сан Хуан.

Жената која се затекнала на самото место рекла дека го видела Гарај како се доближил до работ од карпата, а по несреќниот случај бил вклучен и хеликопетар за негово пронаоѓање.

02.02.2023 - 21:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега