Владата доделува стипендии за студирање во Словенија - навалете!

Од Министерството за образование и наука на Република Македонија информираат дека во тек е конкурс за доделување на стипендии за изучување на словенечки јазик и студиско усовршување за македонски студенти во Република Словенија.

Ќе се стипендираат:

- 2 едносеместрални стипендии за студенти по словенечки јазик;

- 18 стипендии за студиско усовршување на високообразовните установи во Република Словенија, со поединечно траење од 3-6 месеци, за кандидати до 30 годишна возраст.

За пријавување  е потребна следната документација:

  1. Образец за пријавување;
  2. Копија од диплома заверена на нотар;
  3. Копија од пасош (со страната на фотографија);
  4. Оригинална потврда, потпишана и заверена од страна на словенечка високообразовна институција за прием на студенти за размена;
  5. Една препорака од страна на домашната институција за размена на студенти;
  6. Две препораки за размени за истражување на докторски студии.

Кандидатите потребно е да ги пополнат обрасците, кои се објавени на веб страницата на Министерството за образование и наука (http://www.stipendii.mon.gov.mk).                                                            

Пополнетите обрасци во три примероци се доставуваат до Министерството за образование и наука, ул. “Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје.

Краен рок за пријавување е 28 февруари 2014 година.

Стипендиите се обезбедени од Владата на Република Словенија, согласно член 4 од Протоколот склучен помеѓу Министерството за образование, наука и технологија на Република Словенија, Министерството за спорт на Република Словенија и Министерството за образование и наука на Република Македонија за соработка во областа на образованието. 

Повеќе детали за стипендиите може да се добијат на страната на CMEPIUS - Центар за мобилност и европски програми за образование и обучување на Република Словенија:

http://www.cmepius.si/bilateralne-stipendije.aspx

07.12.2013 - 11:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега