Детектор анкета: Мнозинството граѓани немаат доволно пари за да го преживеат месецот
Мнозинството граѓани или 49,1% велат дека месечниот буџет со кој располагаат не им е доволен за да им ги покрие основните месечни потреби за живот, додека таков проблем немаат 48% од анкетираните, покажува најновата анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според неа, Над 80% од анкетираните велат дека трошоците на нивното семејство лани биле зголемени. 54,4% велат дека имале многу зголемени трошоци а 28,3% донекаде зголемени. Без поголеми промени велат дека поминале 13,4% од анкетираните, 1,5% велат дека имале донекаде намалени трошоци а многу големо намалување на почувствувал никој.
Истражувањето на јавното мислење за потребите на емисијата Детектор го направи Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС) на репрезентативен примерок од 1.119 испитаници преку телефонска анкета реализирана во периодот од 23 до 26 декември.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа