Кралев во работна посета на Турција

Делегација на Министерството за образование и наука, предводена од ресорниот министер Панче Кралев од денеска ќе претстојува во тридневна работна посета на Република Турција.

За време на посетата, како што информира МОН, Кралев ќе посети повеќе образовни институции во Република Турција и ќе оствари средби со раководните лица на основни, средни училишта и високообразовни институции.

На средбите се очекува да се разговара за продлабочување на долгогодишната успешна соработка со Република Турција во областа на образованието, како и за интензивирање на соработката меѓу македонските и турските образовни институции, во сите сегменти на воспитно-образовната дејност.

ФОТО: Влада.мк

најчитано сега