ФОТО: Запознајте го парот што ослабе речиси 90 килограми
Аманда и Кит Флик цел живот имале проблем со вишокот килограми, а сега изгледаат одлично. Еве ја нивната приказна.
31 годишната Аманда имала 101 килограми, а нејзиниот 33 годишен сопруг Кит имал 120 килограми! Аманда постојано јадела брза храна во комбинација со многу алкохол, за еден ден да се разбуди и да сфати дека мора да направи нешто за себе.
-Ми здосади да бидам неактивна. Таквиот живот беше болен. Само спиев. Една недела се разбудив и сфатив колку сум во потрага по мојот живот. Бев болнa, имав автоимуна болест CREST синдром. Морав нешто да сторам за себе, раскажала Аманда
Таа почнала да трча и за пет месеци успеала да ја постигне целта. Сега, Аманда трча по пет километри секој ден.
-Држев диета, вежбав и килограмите сами се топеа. Во октомври отидов и на маратон. Потполно се променив, не јадам брза храна, спијам и живеам здрав начин на живот, вели Аманда.
Кит ја поддржувал својата сопруга и кога видел дека нејзината диета дава резултати, тој немал избор.
-Постојано бев уморен, мрзоволен. Ја променив мојата исхрана и го отфрлив алкохолот и промената веднаш настапи. Нашиот живот е сега сосема поинаков, раскажал Кит.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа