Сонце за продолжениот викенд - од вторник заладување и снег

Времето  претпладне во Македонија ќе биде облачно проследено со слаби врнежи од снег во западните и северните делови. Преку денот облачноста ќе се намалува и насекаде ќе преовладува сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до еден, а дневната од еден до пет степени.

Во Скопје во раните утрински часови ќе провејува слаб снег, а преку денот ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до три степени.

Во наредните два дена до вторник ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури. Од вторник се очекува студено и ветровито време со провејување на локален слаб снег и опаѓање на дневните температури. 

07.12.2013 - 10:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега