Леонардо ди Каприо и Џиџи Хадид се во врска
Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо (48) – кој претходно беше со неколку убавици, меѓу кои Жизел Бундхен и Бар Рафаели – ја почна романсата со Џиџи (27) во 2022 година, но, според упатените, нивниот меѓусебен однос е лабав, без напорни препрашувања.
Инсајдер изјави за „Ентертејнмент тунајт“: „Лео и Џиџи уживаат во своето време заедно кога можат да се видат, но кога се зафатени со разни обврски, можно е да не се видат со денови и тоа им одговара и на двајцата.
„Тие имаат почит еден кон друг и ќе видат како одат работите“.
Џиџи има двегодишна ќерка со поранешниот вокалист на „Уан дарекшн“, Зејн Малик.
Манекенката моментно се чувствува урамнотежено, среќно и ја фокусира својата енергија на кариерата и на ќерката, додаде изворот. „Главен приоритет на Џиџи е ќерка ѝ и да ги одржува работите позитивни и релаксирани“.
Леонардо, од друга страна, сака да се забавува, негов приоритет се работата и дружбата со пријателите“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа